full screen background image
Search

Ова се кандидатите за Европски Автомобил на Годината за 2017!

Жирито составено од реномирани автомобилски новинари од Европа ја објави прелимнарната листа на 30 кандидати кои ќе се борат за титулата Автомобил на Годината во Европа за 2017!

Вкупно 30 модели ја сочинуваат прелиминарната листа на кандидати кои ќе се борат за наградата. Сите кандидати се нови возила кои се продаваат во моментов или ќе се нудат до крајот на оваа година на најмалку пет европски пазари. Гласањето е во две фази – од првата фаза ќе добиеме скратена листа од седум кандидати кои ќе бидат објавени на 28-ми Ноември оваа година (за само три дена), а во втората фаза ќе биде избран победникот.

Победничкиот автомобил ќе биде објавен на Саемот на Автомобили во Женева, на 6ти Март 2017-та година. Овогодинешните кандидати (по азбучен редослед) се:

  1. Alfa Romeo Giulia
  2. Audi A5
  3. Audi Q2
  4. Citroen C3
  5. Fiat Tipo
  6. Fiat / Abarth 124 Spider
  7. Ford Edge
  8. Ford Ka+
  9. Honda NSX
  10. Hyundai Ioniq
  11. Jaguar F-Pace
  12. Kia Niro
  13. Kia Sportage
  14. Maserati Levante
  15. Mercedes E-Class
  16. Nissan Micra
  17. Peugeot 3008
  18. Porsche 718 Boxster & Cayman
  19. Porsche Panamera
  20. Renault Megane
  21. Renault Scenic
  22. Seat Ateca
  23. Škoda Kodiaq
  24. Suzuki Baleno
  25. Tesla Model X
  26. Toyota C-HR
  27. Toyota Mirai
  28. Toyota Prius
  29. Volkswagen Tiguan
  30. Volvo S90 & V90

За само неколку дена ќе ја знаеме и скратената листа – кој е вашиот фаворит?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.