full screen background image
Search

Maserati го претстави својот прв SUV – ова е Levante!

Првиот Maserati SUV пристигнува на пазарот во текот на оваа година – премиерата е закажана за Женева, а италијанскиот теренец ќе се нуди со два бензинци и еден турбодизел!

Levante е првиот обид на Maserati да понуди луксузен SUV и да навлезе во сегмент кој е навистина компетитивен. Дизајнот е инстантно препознатлив како Maserati – предниот дел очигледно влече инспирација од тековните модели на брендот, но и Kubang концептот кој Maserati го претстави пред неколку години.

New-Maserati-Levante-2

Иако официјалните технички податоци сè уште не се објавени, од „протечени“ информации дознаваме дека Levante ќе ги дели моторите со Ghibli седанот кој неодамна го возевме. Во понудата ќе се најдат два V6 турбо-бензинеци во форма на Levante 350 и Levante 430, како и Levante Diesel кој ќе носи 3-литарски V6 турбодизел. Според спецификации, Levante 350 ќе постигнува 100 километри на час за 6.3 секунди и ќе има максимална брзина од 243 километри на час. На помоќниот Levante 430 ќе му бидат потребни 5.2 секунди ќе постигнува 264 километри на час. На турбодизелот ќе му бидат потребни 6.9 секунди, а максималната брзина ќе биде 230 километри на час.

New-Maserati-Levante-3

Производството на Levantе е веќе започнато во Fiat Chrysler Automobiles Mirafiori фабриката во Италија. Продажбата во Европа ќе започне оваа пролет, а моделот ќе се понуди глобално до крајот на оваа година.

New-Maserati-Levante-4

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.