full screen background image
Search

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва да ги намали цените на бензините, но цената на дизелот е остане непроменета.

Малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.26%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по три денари, и еден литар од овие горива ќе чини 55, односно 57 денари. Малопродажната цена на дизелот останува иста, и еден литар ЕУРОДИЗЕЛ гориво ќе чини 41 денар.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.