ПРЕМИЕРА: Претставен новиот KIA Ceed пред неговото деби во Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Претставен новиот KIA Ceed пред неговото деби во Женева

KIA ја откри најновата, трета генерација на популарниот хечбек Ceed, кој добива нов, динамичен дизајн, но и нови технологии и мотори!


Ceed е навистина популарен модел на KIA, и исто како и минатите генерации, и новиот Ceed е дизајниран и развиен во европскиот развоен центар на KIA во Франкфурт. Ceed ќе продолжи да се произведува во фабриката на KIA во Словачка, покрај Sportage и Venga.

Дизајнерски, новиот Ceed добива нов, динамиечн лик – самиот автомобил е 20 милиметри поширок, и 23 милиметри понизок, но го задржува истото меѓуоскино растојание. Ни се допаѓаат големите, хоризонтални светлосни групи и динамичниот заден дел – всушност, новиот Ceed изгледа многу поевроски и позрело, благодарение на чистите форми и линии. На самиот почеток, на купувачите ќе им бидат достапни 12 различни бои, и неколку различни дизајни на тркала со димензии од 15 до 17 инчи.

Кабината добива нови, поквалитетни материјали и редизајнирана централна конзола. Кабината сега е со „хоризонтален“ дизајн со цел да се истакне широчината на Ceed, и мораме да признаеме дека изгледа многу модерно и привлечно. Најавен е и поголем багажен простор од 395 литри, кој го прави Ceed да биде меѓу подарежливите во класата. Купувачите ќе добијат 5 или 7-инчен централен дисплеј, целосна Bluetooth интеграција, а меѓу другото ќе може да се нарача и JBL премиум аудио уред, Drive Mode Select со Normal и Sport режими на работа, и уште многу, многу повеќе.

Од аспект на безбедноста, новиот Ceed ќе добие High Beam Assist, Drive Attention Warning, Lane Follow Assist (за прв пат модел на KIA во Европа ќе го добие овој систем), Smart Cruise Control, и уште цела друга гама на системи. Гамата на мотори ја сочинуваат 1-литарскиот T-GDI со 120 коњски сили, како и 1.4-литарски T-GDI со 140 коњски сили. Ќе биде достапен и 1.4-литарскиот атмосферец, а понудата на дизели ќе ја сочинува целосно-нов „U3“ 1.6-литарски турбодизел достапен со 115 или 136 коњски сили. Сите мотори ќе бидат достапни со мануелен менувач, а 1.4-литарскиот T-GDI и 1.6-литарскиот CRDi ќе можат да се комбинираат со 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.