Минатата седмица во салонот на Kia се одржа официјалната презентација на новиот Kia Seltos, со што и официјално започна продажбата на новиот SUV на македонскиот пазар.
На настанот присуствуваа претставници на медиумите, партнери и гости, кои имаа можност одблиску да се запознаат со новитетите што ги носи овој модел. Преку детална презентација беа претставени неговиот изглед, современиот ентериер, технологиите за безбедност и асистенција, како и решенијата создадени за поголем комфор и функционалност.
„Со целосно новиот Kia Seltos претставуваме многу повеќе од нов SUV-модел. Претставуваме возило што го следи современиот начин на живот и успешно ги обединува дизајнот, технологијата, удобноста и безбедноста. Веруваме дека Seltos ќе го привлече вниманието на сите што сакаат практично и функционално возило, но не сакаат да направат компромис кога станува збор за стилот и возачкото искуство“ – изјави г-динот Владимир Билбилов, Генерален менаџер на Kia Македонија.
Seltos е интересно-позициониран. Меѓуоскиното растојание е малку подолго во однос на Sportage, но моделот е малку пократок во вкупна должина. Ветува интересни технологии, а на прв поглед дизајнот е современ и препознатлив за Kia. Наскоро ќе пристигне и кај нас на тест, па ќе ги пренесеме нашите впечатоци.
Новиот Seltos е достапен во неколку различни нивоа на опрема и со неколку погонски опции. Основниот модел го носи името Light и се комбинира со мануелен менувач и погон на предните тркала а цената стартува од 26.900 Евра. Во понудата се и поопремените Experience и Reference, односно врвните GT Line и X-Line. Сите верзии добиваат 1.6-литарски турбо-бензинец кој испорачува 180 коњски сили, а во зависност од изведбата може да се добие погон на предните или на сите четири тркала, како и мануелен менувач или DCT7 автоматски менувач со двојна спојка.
Целосно новиот Kia Seltos е веќе во продажниот салон на Kia на ул. Перо Наков бр. 25 во Скопје, каде заинтересираните посетители можат одблиску да го запознаат моделот и да закажат тест-возење. Достапен сега, по цена од 26.900 евра.















