Klaus Zellmer од Skoda оди на челото на Volvo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Klaus Zellmer од Skoda оди на челото на Volvo

Volvo Cars објави дека Klaus Zellmer ќе застане на челото на компанијата во следната година. Наследникот на Hakan Samuelsson ќе дојде од водечката позиција во Skoda, каде е веќе нешто повеќе од четири години.

Договорот на Hakan Samuelsson истекува во Април следната година, а Klaus Zellmer ќе дојде на позицијата не подоцна од 1ви Октомври 2027. Ова е интересна (и би рекле, навистина неочекувана) промена. Volvo најави 13 нови модели меѓу сега и 2030, но очигледно тие ќе пристигнат под раководство на сосем нов човек. Zellmer ќе има вистински предизвик пред себе – неговата задача ќе биде да ги подобри нештата во Volvo, бренд со огромно, богато и вредно наследство.

Планот на Volvo е да се дуплира пазарниот удел до 2030 – а со оглед на непредвидливиот пазар во САД (поради денес-ми-дојде-вака тарифите на Трамп) и падот на продажбата во Кина, тоа е вистински предизвик.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.