Вообичаено патеката Нирбургринг се спомнува заедно со нов брзински рекорд, но Вон Гитин Џуниор и Ford на ум имале едно поинакво достигнување.
Со план да помине „забавно време“ наместо брзо време, Вон Гитин Џуниор стана првиот возач кој целосно ги излизга 20,7-те километри од Зелениот Пекол. Неговиот единствен избор за автомобил бил Ford Mustang RTR Drift, кој е погонуван од 5.0-литарски V8 агрегат со 900 кс.
Погледнете го несекојдневниот подвиг и уживајте!