full screen background image
Search

Ексклузивно: Новиот Peugeot 508 претставен во Скопје!

Новиот француски седан денес беше претставен пред македонската јавност – ексклузивно и пред-премиерно, новиот Peugeot 508 денес прв пат беше покажан во Скопје!

Новиот Peugeot 508 денес ги покажа своите таленти во Скопје. Екстровертниот и храбар дизајн, новите и модерни мотори и сите хај-тек играчки кои ги нуди се многу силни адути кои новиот 508 ги има „во својот агол“.

Ние веќе имавме ексклузивна можност да го запознаеме новиот Peugeot 508 за време на интернационалната презентација на францускиот седан во Монако – и впечатоците ни се сè уште свежи. Останавме позитивно импресионирани како од дизајнот и технологиите кои 508 ги нуди, така и од возните карактеристики и динамичноста на 508. Всушност, со 508 Peugeot како да сака да се врати на своите корени и повторно да понуди автомобил кој не само што ќе биде комфорен и привлечен, туку истовремено и забавен за возење.

Автомобилот кој денес беше претставен во Скопје е во врвното ниво на опрема кое ја носи ознаката GT. Под поклопецот се крие 1.6-литарски PureTech турбо-бензинец кој испорачува 225 коњски сили, а со целата опрема и сите додатоци цената на изложениот модел е 53.800 евра. Конечните цени за македонскиот пазар сè уште не се познати, но ќе ги дознаеме поблиску до официјалниот старт на продажбата, кој се очекува на нашиот пазар да започне кон крајот на оваа, односно на самиот почеток на следната година.

Истовремено, нашите домаќини од Еуроимпекс ја искористија можноста да истакнат дека компанијата досега има продадено 20.000 автомобили на македонскиот пазар, и дека се компанија со најголем број продадени автомобили.

Поврзано:   Дали Peugeot подготвува 508 R со преку 350 коњски сили?

Добивме информација дека новиот 508 ќе биде изложен во салонот на Peugeot во Скопје следните неколку дена – па доколку сакате и вие да го видите, посетете го салонот на Еуроимпекс. Ние чекаме официјално да започне продажбата на новиот 508, а во меѓувреме, уживајте во фотографиите и прочитајте за нашиот прв контакт со францускиот знаменосец.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.