Ready, Set, Ford! – Синиот Овал ќе лансира седум нови модели во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ready, Set, Ford! – Синиот Овал ќе лансира седум нови модели во Европа

Aмериканскиот производител претстави амбициозен тригодишен план кој вклучува нови возила, дигитален екосистем за бизниси и глобална брендинг платформа наречена Ready-Set-Ford.

Ford се подготвува за храбро враќање на европскиот пазар. Според најавеното, Ford ќе лансира две комерцијални возила и пет нови патнички автомобили.

Стратегијата се движи кон континуирано проширување на Ford Pro, брендот за комерцијални возила, но и сериозна обнова на линијата на патнички возила со пет целосно нови модели со различни погонски системи.

Ford Pro повеќе не се позиционира само како производител на комерцијални возила, туку неговата цел е да стане интегриран партнер за зголемување на продуктивноста на европските бизниси. Планот предвидува 25 проценти од заработката на Ford Pro да доаѓа од софтвер и услуги, при што во првиот квартал од 2026 година, платените софтверски претплати веќе забележаа раст од 30 проценти на глобално ниво.

Комерцијалната линија на Ford добива два различни модели. Првиот е Ranger Super Duty, кој е веднаш достапен и претставува најекстремната верзија на пикапот што е најпродаван во Европа веќе 11 години, а вториот е Transit City кој претставува целосно електрично комбе.

Во сегментот на патнички возила, Ford објави дека до крајот на 2029 година ќе лансира пет целосно нови модели кои ќе се произведуваат во Европа. Листата вклучува нов член на семејството Bronco фокусиран за европскиот пазар, компактен SUV, како и мал градски електричен автомобил прилагоден за спортско возење – односно, Fiesta се враќа! Покрај нив, понудата ќе ја комплетираат мал урбан електричен SUV со истиот дизајнерски јазик и два кросовери со различни погонски системи.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!