Несекојдневниот Audi Q2 пристигна во Скопје – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Несекојдневниот Audi Q2 пристигна во Скопје

Критичарите кои ги нарекуваа дизајните на Audi здодевни сега ќе замолчат – новиот контраверзен SUV од Инголштад веќе пристигна во Македонија!

Како што веќе знаеме, новиот SUV на Audi се вика Q2, и можеме со задоволство да кажеме дека пристигна и кај нас. Иако на првите фотографии ни изгледаше малку чудно, мораме да признаеме дека „во живо“ изгледа навистина интересно – но сепак го задржува епитетот за несекојдневен и контраверзен.

Наменет за помладите, и оние кои се похрабри во својот избор на автомобил, Q2 се нуди со шест различни турбо-бензински и турбодизел мотори, кои нудат меѓу 116 и 190 коњски сили. Во зависност од изведбата, ќе можете Q2 да го добиете со погон на предните, или на сите четири тркала, и со мануелен или DSG менувач со двојна спојка.

Мораме да нагласиме дека ни се допаѓа и храбриот избор на бои за примероците кои се пристигнати кај нас – црвената и жолтата боја одлично му прилегаат на храбриот суб-компактен SUV!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.