Официјално: Новата Acura NSX! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новата Acura NSX!

По долгогодишното најавување, Honda (односно Acura) конечно ја претстави сериската верзија на новиот NSX!

Втората генерација на NSX е токму оноа што го очекувавме – високо-технолошки автомобил со завидни перформанси кој ќе ги предизвика претходно-поставените мислења кои ги имаме за супер автомобилите.

Можеби најинтересниот детал е новиот твин-турбо V6 бензинец кој ја пренесува силата преку менувач со двојна спојка и 9 степени на пренос. Каросеријата е цврста и изработена од екстремно-лесни материјали, за перформансите да бидат што е можно подобри. Секако, тука е и хибридниот погон кон дополнително ги подобрува перформансите на автомобилот, а истовремено нуди можност за зголемување на еколошката прифатливост и економичноста.

Целиот систем се нарекува Sport Hybrid Power Unit и се состои од твин-турбо бензинецот, еден електромотор за задните тркала кој помага за забрзувањето, менувањето на брзините и кочењето, додека предните тркала ги придвижуваат два електромотори кои испорачуваат инстантен вртежен момент.

Новиот NSX е целосно развиен и ќе се произведува во Соединетите Американски Држави, а цената на тамошниот пазар ќе започнува од околу 155.000 долари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.