Саудиска Арабија го претстави брендот Ceer – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Саудиска Арабија го претстави брендот Ceer

Се работи за заднички проект помеѓу државниот инвестициски фонд и тајванскиот гигант за производство на технологија Foxconn.

Компанијата ги откри своите први два водечки модели, седанот и SUV-изведбата Exobot, кои имаат футуристички и остар дизајн инспириран од концептите од 1970-тите години.

И двата модела се поставени на истата напредна 800-волтна модуларна електрична платформа. Погонскиот систем користи три електрични мотори кои испорачуваат вкупно 850 коњски сили и вртежен момент од 1000 Nm, додека батеријата е со капацитет од 112 kWh.

Ова му овозможува на седанот да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,6 секунди, односно 2,9 секунти за SUV верзијата. Најавена е и уште поекстремна варијанта со над 1111 коњски сили, развиена во соработка со Rimac.

Седанот овозможува автономија до 670 км (според NEDC циклусот), додека потешкиот SUV нуди возење до 560 км со едно полнење. Благодарение на 800-волтната архитектура, брзото полнење од 10% до 80% трае помалку од 30 минути.

Поради специфичната клима во Саудиска Арабија, стаклата имаат специјален троен сребрен премаз и моќен клима-уред кој може да ја намали температурата во кабината од 65°C на 32°C за помалку од 10 минути.

Внатрешноста е дефинирана со минималистички управувач и систем за управување без директна механичка врска. Преку целата контролна табла се протега закривен 48-инчен дигитален екран а тука се и дигиталните ретровизори и напредниот гласовен асистент.

Ceer Exobot е само почеток на амбициозниот план на Саудиска Арабија во рамките на стратегијата Vision 2030 за намалување на зависноста од нафтата. Возилата ќе се произведуваат во нов производствен комплекс во Саудиска Арабија, а компанијата планира да лансира уште пет нови електрични модели во следните пет години.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!