Tensei на Pininfarina и JAS Motorsport е перфектен рестомод на Honda NSX! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tensei на Pininfarina и JAS Motorsport е перфектен рестомод на Honda NSX!

Проектот е замислен како модерна интерпретација која останува верна на оригиналот, но со значителни подобрувања во перформансите и естетиката.

Дизајнот на Tensei е инспириран од концептот Honda HP-X од 1984 година, кој може да се смета за претходник на оригиналниот NSX.

Благодарејќи на подолгото меѓуоскино растојание и пошироките тркала, автомобилот сега има поагресивен, помодерен и мускулест изглед во споредба со оригиналниот модел од 90-тите.

Срцето на автомобилот е атмосферскиот 3,5 V6 мотор кој произведува околу 400 коњски сили (бројката не е официјално објавена) и истиот е поврзан со шестостепен мануелен менувач.

Инсталирани се приспособливи KW DDC амортизери, Brembo сопирачки со високи перформанси а опционално се достапни и карбон-керамички дискови.

Иако тука не е прикажана, внатрешноста на автомобилот е целосно обновена со материјали со висок квалитет и ергономија која е фокусирана на возачот.

Производството е строго ограничено на само 35 примероци ширум светот, бројка која ја симболизира 35-годишнината од појавувањето на оригиналниот NSX. Секој примерок ќе биде рачно изработен во ателјето на JAS Motorsport во близина на Милано, додека купувачите ќе имаат можност за целосна персонализација во објектот на Pininfarina во Торино.

Цената на овој луксузен проект започнува од неверојатни 880.000 евра, во која не е вклучен стариот оригинален NSX автомобил (сопственикот мора да обезбеди Honda NSX NA1 или NA2).

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!