Покрај роудстер верзијата која се појави пред две години, Midsummer сега добива и купе верзија.
Morgan разви посебна стаклена купола со централна лента која се протега од предниот до задниот дел на автомобилот. Купето исто така има повисоки врати со нови рачки кои се интегрирани во страничната линија за да го задржат чистиот профил.
Од Morgan велат дека морале да направат значителни структурни измени за да ја зголемат цврстината. Иако има фиксен покрив, автомобилот тежи само 2,5% повеќе од моделот Supersport опремен со опционалниот тврд покрив.
Обложен во кожа и украсен со дрвени и алуминиумски акценти, ентериерот зрачи со ретро стил и висок луксуз.
Моќноста доаѓа од веќе докажаниот 3-литарски шестцилиндричен турбо-мотор на BMW, а се користи и истиот осумстепен ZF автоматски менувач како и кај роудстерот.
Цената не е објавена, но со оглед дека за производство се најавени само 9 возила, во случајов таа и не е толку важна.

















