Geely го нуди Cityray по специјална летна промотивна цена oд 24.490 Евра – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Geely го нуди Cityray по специјална летна промотивна цена oд 24.490 Евра

Од Geely пристигна информација дека Cityray, еден од најатрактивните нови SUV модели на пазарот е достапен по специјална промотивна цена од само 24.490 Евра!

Како што кажуваат од Geely, ова лето е вистинскиот момент за нов автомобил. Geely Cityray, еден од најатрактивните компактни SUV модели на пазарот, сега е достапен по специјална промотивна цена од 24.490 Евра и нуди комбинација од модерен дизајн, напредна технологија, високо ниво на безбедност и одлични перформанси.

Под динамичниот дизајн се наоѓа 1.5-литарски турбо бензински мотор со 174 коњски сили кој се комбинира со 7-степен автоматски DCT менувач. Резултатот е забрзување од 0 до 100 km/h за само 7.9 секунди, прецизно управување и исклучително пријатно возачко искуство, како во градски услови, така и на отворен пат.

Ние веќе добро го познаваме Cityray. Го возевме Cityray минатата година и кажавме дека конкуренцијата навистина треба да биде загрижена. Истовремено, Geely Cityray е опремен со најсовремени системи за асистенција на возачот, меѓу кои адаптивен темпомат, систем за автоматско сопирање во итни ситуации, асистенција за одржување на лентата, препознавање сообраќајни знаци и следење на мртвиот агол, обезбедувајќи поголема сигурност и самодоверба при секое патување.

Во кабината, Geely Cityray нуди премиум амбиент со висококвалитетни материјали, целосно дигитална инструмент-табла, голем HD мултимедијален екран и 360° панорамска камера, која значително го олеснува маневрирањето и паркирањето.

Промотивната понуда е ограничена и важи до исцрпување на залихите, а не може да се комбинира со други попусти или ваучери. Доколку сакате лично да ги искусите неговите перформанси, комфор и технологија, закажете тест возење на 076 242 775 или посетете го продажниот салон на Geely на Градски Стадион – Северна Трибина во Скопје.

Извор: PR Geely



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.