Продолжува SUV-кампањата на Skoda – официјално претставен новиот Kodiaq – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Продолжува SUV-кампањата на Skoda – официјално претставен новиот Kodiaq

Чешкиот производител и официјално го претстави својот нов, голем SUV! Новиот Kodiaq ќе се нуди со три бензински и два турбодизел мотори и нуди врвна просторност и практичност!

По долгото најавување и многуте „тизери“ кои ги објави Skoda, денес конечно пред нас го имаме новиот SUV на чешкиот бренд. Веднаш се поставува прашањето дали Kodiaq е наследник на успешниот Yeti, и иако многумина би го сметале токму за таков автомобил – сепак имајте во предвид дека Kodiaq е значително поголем. Новиот SUV на Skoda е долг 4.7 метри, широк 1.9 метри, висок скоро 1.7 метри и има меѓуоскино растојание од 2.8 метри – а во тој габарит нуди врвна просторност и практичност.

Kodiaq е интересна интерпретација на тековниот дизајнерски јазик на чешкиот бренд. Дизајнерската насока која Skoda ја претстави со одличниот Superb тука е трансформирана во SUV варијанта и во нашите очи изгледа привлечно. Дизајнот нуди интересна комбинација меѓу малку конзервативен дизајн и авантгардниот дизајнерски пристап на Skoda, без притоа да изгледа премногу наметливо. Ни се допаѓаат класичните SUV линии и пропорции – без непотребни детали и „фенси“ додатоци.

Ентериерот е вистинскиот џокер на Kodiaq. Новиот SUV на Skoda ќе може да се нарача со пет или седум седишта, и во багажниот простор ќе нуди капацитет кој варира меѓу 720 и 2065 литри (со спуштени седишта) – импресивна бројка која го става на самиот врв во класата. Секако, тука се и неизбежните модерни технологии во форма на системи за асистенција при возење и безбедносни системи, за прв пат во еден модел на Skoda ќе се вградуваат четири камери за целосен 360-степенски поглед околу возилото, а во Kodiaq ќе се нуди и најновата генерација на мултимедијален кој истовремено нуди Android Auto, Apple CarPlay и Skoda MirrorLink можност за поврзување со паметни телефони.

Купувачите ќе можат да изберат меѓу неколку турбо-бензински и турбодизел мотори. Боите на бензинците ќе ги бранат два 1.4-литарски, како и 2-литарски TSI турбо-бензинци. Помалиот мотор ќе се нуди со моќност од 125 коњски сили и 200 Nm вртежен момент. Чекор погоре е помоќниот 1.4-литарски TSI со 150 коњски сили и 250 Nm вртежен момент. Врв на бензинската понуда е 2-литарскиот TSI кој испорачува 180 коњски сили и 320 Nm вртежен момент.

Поврзано:   Škoda го најавува малиот електричен Epiq - пристигнува следната година, ќе чини од 25.000 Евра!

Многу пологичен за многу купувачи ќе бидат турбо-дизелите. Тука во понудата се две варијанти на 2-литарскиот TDI – една со 150 коњски сили и 340 Nm вртежен момент, и помоќната со 190 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Опремен со помоќниот турбодизел, Kodiaq забрзува до 100 километри на час за 8.6 секунди и постигнува максимални 210 километри на час. Купувачите ќе можат да ги комбинираат моторите со 6-степен мануелен или 7-степен DSG автоматски менувач со двојна спојка.

Останува само да почекаме Kodiaq да пристигне и кај нас!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.