full screen background image
Search

Официјални фотографии од новото KIA Rio!

KIA ги објави официјалните фотографии од новата генерација на малиот градски компакт Rio пред неговата официјална премиера во Париз на крајот на овој месец.

Четвртата генерација на Rio расте во сите насоки, освен во височина. Новиот автомобил е 15 милиметри подолг, 5 милиметри поширок, 5 милиметри понизок и има 10 милиметри подолго меѓуоскино растојание – за вкупно 2580 милиметри. Rio од минатата генерација веќе беше еден од најкомфорните и најпросторните автомобили во својата класа, па со новата генерација се очекува комфорот уште повеќе да се зголеми.

Новиот Rio е дизајниран во дизајнерските студиа на KIA во Кореја, Калифорнија и Германија. Веднаш се забележува најновата интерпретација на тигрестата предна маска на брендот, новите светлосни групи, продолжениот поклопец на моторот и подинамичниот став на автомобилот.

На фотографиите можеме да забележиме и целосно нов ентериер каде силен акцент е даден на ергономијата. Во понудата ќе се најде и нов мултимедијален уред, а една од целите на KIA беше да го поедностави ентериерот и користењето на сите контроли.

Премиерата е официјално закажана за 29ти Септември, кога ќе ги имаме и информациите околу погонските единици на новиот Rio.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.