ПРЕМИЕРА: Leapmotor B03 ги загрижува и европските производители – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Leapmotor B03 ги загрижува и европските производители

Leapmotor во Париз го претстави B03 – малиот електричен автомобил кој со цената, перформансите и технологиите ги загрижува и европските производители.

Leapmotor B03 е всушност поконвенционална, хечбек изведба на кросоверот B03X кој ние неодамна го возевме во Шпанија, а од деновиве е достапен и во Македонија. Сепак, од Leapmotor кажуваат дека во хиерархијата на брендот, B03 е поставен над малиот T03, но под Bo3X.

Ајде малку за погонот. B03 добива батерија со капацитет од 53 kWh, која овозможува автономија до 390 километри (според WLTP). Батеријата се полни со максимални 133 kW, што пак овозможува полнење од 10 до 80% за 21 минута. Предните тркала ги движи електромотор кој испорачува 194 коњски сили, кои пак овозможуваат спринт до 100 километри на час за само 7.6 секунди.

Инаку, кабината изгледа како да е идентична со онаа на B03X – а тоа (од искуство зборуваме) значи изненадувачки многу простор и навистина голем багажник. Очекуваме дека B03 ќе ги добие истите технологии за асистенција и безбедност кои ги има и B03X, а тоа ќе го направи еден од најбезбедните мали автомобили во сегментот.

И сето ова го прави B03 да биде навистина интересен за купувачите (и загрижувачки за конкурентите), особено ако ја земеме предвид цената. Во ред, цените за B03 сè уште не се познати, но имајќи предвид дека тука во Македонија B03X чини од 20.990 Евра, а B03 е под B03X во хиерархијата на Leapmotor, тогаш очекуваме дека B03 ќе има навистина компетитивна цена. Одлично!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.