Името Multiplay го издава карактерот – новиот концепт на Fiat е истовремено и кросовер, и миниван, па и супер-практичен пик-ап!
Чекајте малку, што? Па да, концептот на Fiat од кросоверест миниван се трансформира во модуларен пик-ап. Сето тоа се должи на архитектурата која Fiat ја нарекува Metamorfosi. А тоа всушност значи дека задниот дел на кровот се поместува нанапред заедно со третиот ред седишта, со што Multiplay се трансформира во пик-ап, со отворен товарен дел.
Всушност, од Fiat кажуваат дека Multiplay „ја комбинира просторната ефикасност на миниван, со карактер на SUV и сèстраност на пик-ап и со тоа ги исполнува потребите на семејство кое балансира работа, училиште, спорт и активности во природа.“
И кога е во форма на пик-ап, добива поделена задна врата, покривка за багажниот простор и интересен начин за фиксирање на товарот, благодарение на модуларниот под во багажниот простор. Има и други практични елементи – задниот спојлер се ротира и се трансформира во носач за велосипеди.
Интересно е што има 6+1 конфигурација на седишта. Fiat го нарекува нна „+1“ седиште „Petsenger seat“, односно седиште за вашиот миленик. Ова седиште нема заден дел и е во друга боја. Инаку, дизајнот во кабината (исто како и екстериерот) е супер-футуристички, со јарем наместо конвенционален управувач и супер-широк дисплеј.
Сме кажале и порано – инженерите и дизајнерите на Fiat се експерти кога станува збор за мали автомобили. И океј, Multiplay можеби и не е мал автомобил, но кога ќе земеме предвид што сè е направено во еден автомобил, тогаш…





















