Forthing Taikon 5 пристигнува во Македонија следната година! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Forthing Taikon 5 пристигнува во Македонија следната година!

Abc Brother, официјалниот увозник на брендот Forthing за Македонија, беше гостин на престижниот Paris Mondial de l’Auto 2026, еден од најзначајните автомобилски саеми во Европа. Forthing, брендот за патнички возила во составот на групацијата Dongfeng, во Париз ги претстави своите најнови електрифицирани модели, а Abc Brother веќе го најави нивното пристигнување во Македонија.

Станува збор за новата Taikon фамилија, составена од спортскиот Taikon 5 и поголемиот семеен Taikon 7. Двата модели доаѓаат во електрична (EV) и plug-in хибридна (PHEV) верзија. Првите на македонскиот пазар ќе бидат Taikon 5 EV и Taikon 5 PHEV, кои стигнуваат на почетокот на 2027 година.

Еден модел, два избори

Taikon 5 е наследник на популарниот Forthing T5 EVO, модел кој многу возачи веќе го познаваат и ценат (нашиот тест на Forthing T5 Evo можете да го прочитате тука). Новата генерација ја задржува практичноста на својот претходник, но чекори напред со електрифициран погон и уште помодерна технологија. Се нуди во две верзии, зависно од тоа како возите.

Ако најчесто возите низ град, но сакате слобода за подолги патувања, Taikon 5 PHEV е вистинскиот избор. Неговата батерија од 40 kWh овозможува до 210 км на струја според WLTP, а бензинскиот мотор е секогаш тука кога ќе затреба.
За оние кои се подготвени целосно да преминат на електричен погон, тука е Taikon 5 EV. Со батерија од 75.3 kWh тој поминува до 510 км на едно полнење. Благодарение на 800-волтната архитектура, 14 минути на брз полнач се доволни за батеријата да стигне од 30% до 80%.

Внатре: технологија и комфор

Без разлика на верзијата, во кабината ве пречекуваат кожни седишта, 8,8″ дигитална табла и 15,6″ централен екран на допир. Екранот лесно се поврзува со телефонот преку Apple CarPlay или Android Auto, а телефонот се полни безжично.
Безбедноста е подеднакво важна. Двата модели имаат напредни безбедносни системи како: супер адаптивен темпомат, препознавање сообраќајни знаци, интелигентен асистент за брзина, систем кој го следи вниманието на возачот и многу повеќе.

Поврзано:  Моќниот и незапирлив MHERO 817 вчеравечер ја имаше својата македонска премиера!

Taikon 7: простор за целото семејство

Покрај Taikon 5, Forthing во Париз го претстави и поголемиот Taikon 7. Кажуваат дека е создаден за семејства кои бараат простор и долга автономија. Plug-in хибридната верзија Taikon 7 PHEV со 7 седишта нуди вкупна автономија од над 1000 км, од кои до 190 км на чисто електричен погон.

Моделот е долг 4.750 мм и има меѓуоскино растојание од 2.900 мм. Дури и кога сите седишта се зафатени, багажникот нуди 512 литри простор. По преклопување на седиштата, просторот се зголемува до 1.730 литри. Во возилото има и 37 преградни простори за складирање. Forthing најави и целосно електрична верзија, Taikon 7 EV.

Forthing ја зацврстува позицијата во Европа

Forthing веќе е присутен на пазарите во Европа, а во 2026 година влегува на уште три нови пазари. Учеството на Paris Mondial de l’Auto ја потврдува амбицијата на брендот да стане сериозен играч на европската сцена. Со новите Taikon модели, Abc Brother ќе им понуди на македонските возачи модерни електрифицирани возила со богата опрема и напредна технологија.

Повеќе информации за моделите, цените и можноста за пробно возење ќе бидат објавени во наредниот период од страна на Abc Brother.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.