Со премиерата на GWM Ora 5, Толту Моторс прослави 15 години Great Wall во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Со премиерата на GWM Ora 5, Толту Моторс прослави 15 години Great Wall во Македонија!

Вчеравечер на гала настан со многу гости, македонската компанија Толту Моторс прослави 15 години присуство на кинескиот гигант Great Wall Motors во Македонија.

Кинескиот Great Wall е еден од првите кинески брендови кои пристигнаа во Македонија и е сè уште присутен на нашиот пазар. Вчеравечер, македонскиот партнер на Great Wall, компанијата Толту Моторс ја прослави токму долгогодишната соработка со Great Wall, односно 15 години Great Wall Motors во Македонија.

На настанот, генералниот менаџер на Толту Моторс – Сашо Трпковски – им се обрати на гостите и им се заблагодари за долгогодишната соработка и доверба.

Со многу гости, пријатели и соработници, како и претставници на медиумите, Толту Моторс и GWM ја означија вечерта со ексклузивна македонска премиера, односно новиот GWM Ora 5.

Новиот Ora 5 е сосем нов SUV на GWM и е достапен со класичен турбо-бензински мотор, но и со самополнечки хибриден систем или пак целосно-електричен погон.

Ваквата понуда на купувачите им нуди избор, а самиот автомобил доаѓа со сите современи технологии и системи за асистенција во возењето. Секако, Ora 5 наскоро ќе пристигне и на тест, па ќе ги пренесеме нашите впечатоци.

Им го честитаме јубилејот на Толту Моторс и GWM и им посакуваме и понатамошен успех.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.