full screen background image
Search

Продолжува мини-AMG офанзивата – Mercedes-AMG го претстави GLC 43 Coupe

Како и грст други модели кои ја носат ознаката 43 во гамата на Mercedes-AMG, спортскиот кросовер е придвижуван од 3-литарски би-турбо V6 бензинец кој испорачува 367 коњски сили и 520 Nm вртежен момент!

Овој мотор му овозможува на GLC 43 Coupe да забрза до 100 километри на час за само 4.9 секунди, но и да постигне (електронски ограничена) максимална брзина од 250 километри на час.

Секако, модификациите не завршуваат кај моторот, па од лепезата на Mercedes-AMG, кросоверот добива и доработена шасија, спортска суспензија со AIR BODY CONTROL, адаптивно дампирање, спортско управување кое е чувствително на брзина, поголеми кочници и уште многу други ситници. AMG верзијата ќе ја препознаете по агресивните браници, големите 19-инчни (или ако сте храбри, 21-инчни) тркала, деталите во сјајна црна боја и издувниот систем со 4 завршетоци.

Продажбата ќе започне кон крајот на оваа година. Сепак, веќе се шпекулира дека германците работат и на „полномасна“ GLC 63 Coupe верзија на кросоверот која би имала на располагање повеќе од 500 коњски сили! Колку за потсетување, Mercedes-Benz GLC Coupe е првиот модел на германскиот производител целосно дизајниран од македонскиот дизајнер Славче Таневски.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.