full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: BMW 2-Series со 820-коњски V8 е ултимативната дрифт-машина!

Зад овој монструозен BMW 2 стојат латвијските тјунери од HGK Motorsport кои во просторот за мотор на германското купе „спуштија“ 6.2-литарски V8 мотор од Corvette!

 

Тјунерите од HGK Motorsport го извадиле стандардниот мотор од малиот BMW 2 и на неговото место вградиле 6.2-литарски V8 со потекло од Chevrolet. Ако тоа не било доволно, и тој мотор добил малку внимание, па сега испорачува 820 коњски сили и 920 Nm вртежен момент.

За изгледот на овој налудничав BMW 2, инспирација билe Eurofighter Typhoon и Lockheed Martin F-22 Raptor борбените авиони. Всушност – луѓето од NGK го нарекуваат својот проект F22 Eurofigter.

Доволно беше – уживајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.