Продажбата на електрични автомобили, хибриди и плаг-ин хибриди во Европа продолжува да расте, додека продажбата на автомобили со конвенционални мотори продолжува да паѓа.
Според податоците кои пристигнаа од ACEA (Европската Асоцијација на Производители на Автомобили) во првите пет месеци од годинава, се забележува раст на продажбата на нови возила во ЕУ, и тоа за 4 проценти.
И резултатите се интересни – хибридите сè уште се најпопуларни, со пазарно учество од 37.8%. На второ место се електричните возила – во првите пет месеци од годинава биле продадени вкупно 950.521 ЕВ, за пазарно учество од рамно 20%, додека плаг-ин хибридите земале 9.7% од ЕУ пазарот.
Најзабележливо е зголемувањето кај електричните возила – бројката на продадени електрични возила е зголемена за цели 15.3% во однос на истиот предиот минатата година. Најголемо зголемување на продажбата на ЕВ има во Италија (+75%), Франција (+55%) И Германија (+40.9%).
Од друга страна, пазарниот удел на бензинските и дизел возила е паднат од 38% на 30%.
Бројката на продадени бензинци е намалена за 18.2%, со најголем забележан пад во Франција – цели 36.8%! Двоцифрено намалување на продажбата на бензинци има и во Шпанија (-20.3%), Германија (-18.5%) и Италија (-17.3%). На територијата на ЕУ, вкупно се продадени 1.065 милиони возила со бензински мотор.
Драстично е намалена и продажбата (но рака на срце, и понудата) на возила со дизел мотор. Уште минатата година помалку од 10% од продадените возила беа со дизел мотор, а сега со пад од 16.6%, само 7.6% од продадените возила биле со дизел мотор.
Извор: ACEA




