Игнорирајте го името, ова е новата Hyundai Elantra – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Игнорирајте го името, ова е новата Hyundai Elantra

Hyundai продолжува да изненадува (и да импресионира) со храбрите дизајни на своите модели – а најновиот модел кој деновиве беше претставен на домашниот, корејски пазар и кој се надеваме дека ќе пристигне и во Европа е Avante, односно новата Elantra!

Новата Elantra е поголема во секоја насока, добива поагресивен, посамоуверен и поостар дизајн, но и темелна надградба на технологиите за уште посовремена, технолошки-понапредна кабина. Новиот Art of Steel дизајнерски јазик на Hyundai ѝ дава на Elantra поагресивен, поширок став, а забележуваме и цврсти, исфрлени крила и агресивни, самоуверени линии.

На предниот дел вниманието оди кон дневните светла и широките отвори за воздух. Профилот е мускулест и динамичен, а на задниот дел добиваме комплексни линии, несекојдневен светлосен потпис и заокружување на мускулестиот пристап. Ако вака изгледа Elantra, како ли ќе изгледа неизбежниот продукт на N-дивизијата на Hyundai?

Храбриот пристап продолжува и во дизајнот на ентериерот. Пред возачот забележуваме мал, но изненадувачки високо-поставен екран наменет за најважните информации околу возењето. Од друга страна, управувачот е изненадувачки мал. На средината на арматурната табла е поставеен 12.9-инчен екран со најновиот Pleos Connect софтвер, како и AI асистент. Под екранот има физички контроли, а купувачите ќе можат да добијат и аудио уред од Bang & Olufsen, како и други интересни додатоци.

На домашниот пазар, Hyundai ќе го нуди Avante со бензински или хибриден погон. Сега за сега, нема никакви информации дали Avante (во форма на Elantra) би пристигнал и во Европа, но навистина се надеваме дека корејскиот гигант ќе се одлучи да го направи тоа. Одамна не сме виделе толку храбар дизајн и… Ајде Hyundai!

Поврзано:  Премиера: Hyundai го претстави Ioniq 3!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.