Изминатиов викенд, Porsche Center Skopje беше домаќин на големиот Porsche Community настан кој на едно место ги обедини страсните членови на Porsche Club Macedonia, долгогодишните клиенти, ентузијастите и претставниците на медиумите во уникатно славење на прецизниот инженеринг и моќта на заедницата.
Имавме можност да погледнеме исклучителни примероци од портфолиото на Porsche, но и повторно да го видиме електричниот Cayenne Electric кој неодамна и официјално беше претставен во Македонија.
Настанот помина во знакот на исклучителна енергија и бројна публика, каде фокусот беше ставен на лојалноста на клиентите и континуираниот раст на Porsche семејството во Македонија. Овој собир уште еднаш докажа дека изборот на Porsche е многу повеќе од одлука за автомобил – тоа е автентичен начин на живеење што ги поврзува луѓето преку заедничка страст.
Иднината на перформансите: Возење со комплетната Porsche демо-флота. Најголемата возбуда за присутните се пренесе на асфалтот низ улиците на Скопје. Настанот понуди ексклузивна можност за тест-возења на комплетната демо-флота на брендот, овозможувајќи им на гостите од прва рака да го почувствуваат спортскиот ДНК на Porsche.
Во центарот на вниманието беше новиот, целосно електричен Cayenne Electric. Новиот модел привлече огромен интерес со својот храбар дизајн и супериорни перформанси, а стручните Walkaround сесии детално ги открија неговите технолошки иновации пред присутните.
Porsche Center Skopje уште еднаш докажа дека со секој нов модел и секој нов настан, не само што ги поместува границите на автомобилската индустрија, туку создава нераскинливи врски во својата заедница. Ние ќе додадеме дека ваквите настани се одлична шанса за сите да можат одблиску да ги видат моделите на Porsche, а најмладите уште од мали нозе да се запознаат со фасцинацијата наречена… Porsche!

















