full screen background image
Search

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи да ги зголеми цените на бензините, дизелот останува со иста цена.

Како и секој втор Понеделник, така и денес Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечер ќе купуваме бензини по малку зголемени цени.

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи да ги пресмета цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти.

Пресметано во денари, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 62 односно 64 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар ќе продолжи да чини 48 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.