full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Ferrari 288 GTO наместо кафе!

Иако е конструиран според Group B прописите, 288 GTO никогаш не зема учество на трките – но и ден денес е брилијантно ремек дело на автомобилизмот.

Неговиот надолжно поставен 2.8-литарски V8 мотор испорачува 400 коњски сили кон задната оска преку пет-степен мануелен менувач. Во комбинација со неговата тежина од само 1160 килограми и професионално прилагодената суспензија – резултатот е автомобил кој не само што е одличен за возење, туку е и првиот сериски автомобил способен да постигне максимална брзина над 300 километри на час.

Погледнете и уживајте во прекрасното видео кое Petrolicious го подготвија за секој фан на Ferrari!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.