Novitec го тјунираше Ferrari 12 Cilindri Spider – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Novitec го тјунираше Ferrari 12 Cilindri Spider

Германскиот тјунер нуди суптилен карбонски пакет, ревидирана суспензија и надграден издувен систем.

Пакетот вклучува нов преден сплитер, украси на отворите за воздух на предниот браник и страничните отвори, поостри прагови, нови капаци за ретровизорите, заден дифузер и дискретен спојлер.

Според производителот, сите овие компоненти не се само естетски додатоци, туку нудат и целосно подобрување на аеродинамиката.

Како централен визуелен елемент се издвојуваат новите ковани бандажи NF12 развиени во соработка со Vossen.

Тјунингот го приближува возилото до подлогата за дополнителни 30 милиметри, овозможувајќи подобро управување и понизок центар на гравитација.

Под долгиот преден капак се наоѓа познатиот 6,5-литарски атмосферски V12 мотор, чија моќност останува непроменета со 830 коњски сили и 678 Nm вртежен момент.

Иако моќноста не е зголемена, Novitec му дава посебен печат на моторот преку видлив карбонски капак и нови куќишта за двојните филтри за воздух. Novitec исто така разви прилагодени издувни системи изработени од нерѓосувачки челик или од посебна легура што се користи во Формула 1.

Покрај надворешноста, Novitec нуди и целосна персонализација на внатрешноста, притоа користејќи врвна кожа и алкантара во бои според желбата на сопственикот.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!