full screen background image
Search

Кореа Ауто Трејд ги повикува Hyundai возилата оштетени во скопските поплави на бесплатна проверка и поправка!

Македонскиот импортер на возилата на Hyundai – Кореа Ауто Трејд – ги повикуваат сите сопственици на Hyundai возила кои беа оштетени во неодамнешните поплави во Скопје да ги однесат возилата на бесплатна проверка и сервис!

Одличен и хуман гест на нашите пријатели од Кореа Ауто Трејд – утринава тие објавија повик до сите сопственици на Hyundai автомобили чии возила беа оштетени во неодамнешните поплави во и околу Скопје. Ги повикуваат сопствениците на настраданите возила во нивниот сервисен центар, каде возилата ќе бидат бесплатно проверени.

Објавениот повик е едноставен, и гласи:

„Кореа Ауто Трејд ги повикува сите сопственици на Hyundai возила, кои претрпеле оштетувања од поплавите, да дојдат на бесплатна проверка (и поправка) во нашиот сервис.
Закажете термин на 02/ 30 95 533 и 30 95 534!“

Ја поздравуваме и поддржуваме иницијативата на Кореа Ауто Трејд!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.