full screen background image
Search

Луксузните Ford Kuga и Edge Vignale пристигнаа во Европа

Премиум верзиите на Kuga и Edge кои ја носат ознаката Vignale започнаа да се продаваат на европскиот пазар.

Vignale портфолиото на Синиот Овал има цел да ги привлече купувачите на традиционалните премиум брендови – а за да ја постигне таа цел, во својата гама на продукти мора да има и SUV модели. Со таа цел, Ford ги понуди на европскиот пазар Vignale верзиите на Kuga и новиот Edge кои добиваат поквалитетни материјали во ентериерот, уникатни бои и специфични Vignale детали.

„Нашата Ford Vignale гама е директен одговор на трендот за премиум SUV модели и го претставува најдоброто на Ford во комбинација со луксузен дизајн, луксузни материјали и врвна изработка“ – изјави Roelant de Waard, одговорниот за Маркетинг во Европа – „гледаме голем потенцијал да го прошириме врвот на нашата гама и да понудиме специјално искуство кое ги исполнува растечките очекувања на нашите клиенти.“

Kuga Vignale се нуди со два бензински и два турбодизел мотори – 1.5-литарскиот EcoBoost со 150 коњски сили или 182 коњски сили, како и 2-литарскиот TDCi со 150 или 180 коњски сили, и може да се комбинира со автоматски или мануелен менувач.

Поголемиот Edge Vignale може да се добие со 2-литарски TDCi со 180 коњски сили, или пак твин-турбо верзија на истиот мотор со 210 коњски сили, но во комбинација со Powershift менувач со двојна спојка.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.