full screen background image
Search

Идеален зимски автомобил? Lamborghini Huracan со компресор и 800 коњски сили, секако!

Се сеќавате на Jon Olsson? Професионалниот скијач има посебна страст за уникатни автомобили, а неговиот најнов зимски пријател е во форма на Lamborgini Huracan кој има 800 коњски сили и куфер на кровот – бидејќи, зошто да не?

Рецептот на Olsson е едноставен – земете еден Lamborghini Huracan LP 610-4, и фрлете во негова насока многу, многу пари. Резултатот на тоа е 5.2-литарски V10 кој дише многу помоќно благодарение на голем компресор доработен од страна на Stertman Motorsport. Така, италијанскиот бик сега има на располагање 800 коњски сили и 826 Nm вртежен момент. Компресорскиот кит е дело на VF Engineering, а тие во соработка со момците од Startman планираат дополнително да ги зголемат бројките.

Секако, ваквиот ѕвер мора и да звучи како што треба – а за тоа е задолжен систем од Akrapovic. За изгледот е развиен специјален пакет додатоци од Eventuri кои не само што изгледаат добро, туку се и функционални. Супер-сноумобилот на Olsson е (значително) поблиску до подлогата благодарение на суспензија од KW, за камуфлираниот изглед се задолжени момците од WrapZone, а целиот пакет е заокружен со специјален кровен куфер од 56Nord.

Идеален зимски автомобил? Ние мислиме така!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.