full screen background image
Search

Вечерно Кино: The Escape на BMW Films!

Се сеќавате на одличната серија краткометражни филмови кои BMW ги објави пред 15 години? Епа баварскиот производител започна нов серијал, и зад управувачот повторно е незаменливиот Clive Owen, а покрај него важна улога им а и новата Серија 5!

Clive Owen повторно ја има улогата на Возачот, а ќе ги препознаете и одличните John Bernthal, Dakota Fanning и Vera Farmiga. 13-минутниот краткометражен филм нуди навистина многу акција, а сосем случајно неговата премиера е темпирана да биде во исто време со појавување на новата Серија 5 на BMW.

Покрај Clive Owen, главна улога има токму и новата Серија 5, односно моделот 540i кој носи турбо-полнет линиски 6-цилиндерски мотор кој испорачува 335 коњски сили. Уживајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.