full screen background image
Search

Ford подготвен за SEMA – ќе носи неколку примероци на Fiesta, Focus и Mustang!

Синиот Овал се подготвува за овогодинешната SEMA – и ќе ни претстави неколку екстремни примероци од Fiesta, Focus и неизбежниот Mustang!

На овогодинешната SEMA, Ford ќе изложи навистина широка гама на возила – понудата ќе започне со „проширената“ Fiesta ST која има нов турбополнач, нов издувен систем, Mountune диференцијал со ограничено пролизгување и други додатоци. Ќе видиме и втора Fiesta ST со посуптилен екстериер, но со додатоци ориентирани кон перформансите.

Понатаму, ќе видиме Focus ST во црно-црвена комбинација со ретро графички детали, и доработено подвозје, како и големи 19-инчни тркала. Гамата на модифицирани Focus RS примероци започнува со сивиот модел кој има поголем турбополнач, интеркулер и други додатоци. Врвот на изложените модели ќе биде Focus RS од Roush Performance кој има на располагање дури 500 коњски сили!

Меѓу модифицираните примероци на најновата генерација на Mustang (кој ние го возевме минатата година) започнува со GT Fastback изработен од VMP Performance. Благодарение на компресор, овој Mustang нуди 851 коњска сила и 955 Nm вртежен момент.

Интересно е што Ford ќе понуди и своја интерпретација за модифициран мустанг – базиран на 2.3-литарскиот EcoBoost, овој модел ќе има додатоци од Ford Performance дивизијата, како што е доработена суспензија, подобрени сопирачки и подобар систем за дишење. Конечно, ќе биде изложена и репродукција на Mustang Shelby GT350 од далечната 1966-та година, но под кожата се крие модерно подвозје со Wilwood сопирачки, итн.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.