full screen background image
Search

Првиот електричен SEAT пристигнува во 2019

Шпанскиот огранок на Volkswagen Групацијата најави дека првиот електричен автомобил на брендот ќе пристигне во 2019.

Шпанците потврдија дека првиот електричен автомобил на SEAT ќе пристигне во 2019. Потврдата доаѓа од Enrique Pastor – одговорниот за стратегија на продукти во SEAT. Тој во интервју за Autocar потврди дека возилото ќе дојде во 2019, но не сакаше да каже во кое возило ќе дебитира системот, и дали електричното возило ќе биде базирано на тековен модел, или ќе биде целосно нов модел во гамата на SEAT.

Познавачите шпекулираат дека SEAT ќе искорити електричен погон од некој друг модел на Volkswagen гамата, и дека кандидати за „електрификација“ се неодамна освежениот SEAT Leon, но и новиот SUV Ateca.

Сепак, се шпекулира дека електричниот систем би можел да влезе и во новиот, компактен SUV на SEAT кој ќе се вика Marbella. Автомобилот најверојатно ќе ја дели платформата со Volkswagen Up и SEAT Mii, и би имал автономија од околу 200 километри со едно полнење. Понатаму, во игра е и опцијата автомобилот да не им се продава на крајните купувачи, туку да им се „изнајмува“ на подолг период, а на крајот на договорот тие да го заменат малиот компактен електричен кросовер со електричен автомобил со поголема автономија. Интересни времиња за SEAT!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.