Тоyota ги разгледува опциите за наследникот на Avensis – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Тоyota ги разгледува опциите за наследникот на Avensis

Растечката популарност на SUV моделите, но и намалената продажба на автомобили од Д-сегментот ја става во прашање иднината на популарниот седан на Toyota.

Купувачите ги поставуваат трендовите – а во моментов тие се ориентираат кон SUV и Кросовер модели, за сметка на фамилијарните седани и каравани. Сето тоа резултира со намалена продажба на седаните и караваните како во Европа, така и во остатокот од светот – а тоа пак резултира со неизвесна иднина на многу автомобили од овој сегмент.

Според Johan van Zyl – европскиот претседател на Toyota – јапонскиот бренд размислува дали вреди да се инвестира во директен наследник на тековниот Avensis.

„Го разгледуваме сегментот и самите си поставуваме прашања. Ние сме задоволни со успехот на Avensis – според нас, тој се продава добро. Но се прашуваме дали следниот чекор ќе биде друг седан од Д-сегментот, или нешто друго.“ – изјави van Zyl за AutoExpress. Avensis е веќе релативно стар, но сè уште популарен и баран модел на Toyota. Тековната генерација се појави со 2009-тата година и веќе имаше два екстензивнии фејслифти – првиот во 2012, а вториот во 2015.

Секако, и механиката доби освежување, и во моментов Avensis користи дизел мотори од BMW – 1.6-литарски D-4D кој испорачува 110 коњски сили и 270 Nm вртежен момент, како и 2-литарски D-4D кој нуди 141 коњска сила и 320 Nm вртежен момент.

Сепак, вреди да се напомене дека сето ова не значи дека тековниот Avensis ќе престане да се произведува, ниту дека е неизвесна неговата иднина. Avensis е еден од најпопуларните модели во сегментот, и автомобилот продолжува да биде баран во салоните.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.