Фејслифтираниот Avensis на Toyota ќе носи дизел мотори од BMW! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Фејслифтираниот Avensis на Toyota ќе носи дизел мотори од BMW!

Освежениот Avensis ќе се нуди со два нови дизел мотори, кои всушност доаѓаат од BMW, а ќе ја користат D-4D технологијата на Toyota.

Едниот мотор е со зафатнина од 1.6 литри и нуди 110 коњски сили и 270 Nm вртежен момент.  Овој мотор ќе го замени стариот 2-литарски на Toyota и би требало да троши само 4.1 литар гориво на 100 километри.

Вториот мотор кој ќе се нуди е 2-литарскиот мотор од BMW кој нуди 141 коњска сила и моќни 320 Nm вртежен момент. Овој мотор ќе го замени 2.2-литарскиот мотор и ќе троши само 4.5 литри дизел на 100 километри.

Новиот Avensis ќе се произведува во Derbyshire, во Обединетото Кралство а дизанјерските задачи при фејслифтот му припаднаа на ED2 Design Studio ателјето на Toyota во Франција.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.