Премиера: Fiat Aegea – Наследникот на Linea претставен во Истанбул! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Fiat Aegea – Наследникот на Linea претставен во Истанбул!

Fiat ја претстави Aegea – новиот троделен компактен седан кој треба да ја наследи ултра-успешната Linea!

Новиот компактен седан на Fiat се вика Aegea – односно, сега за сега е FIAT Aegea Project, но она што го гледаме е сериската верзија на наследникот на Linea. Автомобилот е дизајниран во FIAT Chrysler Automobiles Centro Stile во Италија, но ќе се произведува во Турција, па токму заради оваа синтеза го носи името Aegea.

Автомобилот е долг 4.5 метри, широк 1.78 метри и висок 1.48 метри, а има меѓуоскино растојание од 2.64 метри. Купувачите ќе уживаат во одлични 510 литри багажен простор. Во внатрешноста купувачите ќе добијат UConnect мултимедијален уред со дисплеј од 5 инчи, како и Bluetooth поврзување, AUX и USB конекции и уште многу други детали кои обично ги нема во оваа класа. Во понудата ќе се најдат два Multiet II турбодизели и два бензинци, чија моќност ќе варира од 95 до 120 коњски сили, а ќе се понуди и опција за автоматски менувач.

Продажбата ќе започне во Ноември, а се очекува Aegea да се продава во повеќе од 40 земји од Европа, Средниот Исток и Африка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.