full screen background image
Search

Toyota подготвува освежен Avensis за Женева!

Јапонскиот производител ќе претстави освежен Avensis на саемот на автомобили во Женева!

Сега за сега нема никакви информации околу измените кои ќе ги добие Avensis, освен новиот преден дел кој наликува на оној кој го познаваме од Aygo и Yaris. Претпоставуваме дека ќе добие освежен ентериер, можеби некои нови мотори како и нови безбедносни системи.

toyota-avensis-facelift-wagon

Во моментов се најавува дека новите мотори на Avensis ќе бидат по EU6 стандардите, а можна е и хибридна верзија која би се придружила на Aygo, Yaris и Prius. Новиот Avensis ќе се соочи со VW Passat, Ford Mondeo, Mazda 6 и другите конкуренти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.