Citroen во Женева ќе претстави освежен DS5! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen во Женева ќе претстави освежен DS5!

Citroen подготвува освежување за својот знаменосец – во Женева ќе го претстави фејслифтираниот DS5 кој ќе добие нов лик, нови мотори и нови технологии!

Според Citroen, големиот DS5 е возило со авантгарден стајлинг кој нуди динамично однесување, рафинираност и внимание кон деталите. Новиот знаменосец на DS под-брендот го воведува новиот идентитет на марката преку новиот преден дел, предните светлосни групи со Xenon и LED технологија, нов мултимедијален интерфејс, нови мотори, но и несекојдневен дизајн, како и нова возачка позиција. Интересен момент е што новиот DS5 целосно го елиминира името Citroen од својата номенклатура, а и го губи двојниот шеврон од себе – сега ќе ги носи само името и значката DS.

DS5 се продава од Европа до Кина и навистина има оставено впечаток кај купувачите, а со освежениот модел Citroen цели кон уште повисоки работи. Претставувањето е закажано за саемот на автомобили во Женева, а продажбата ќе започне во Јуни оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.