Хибридната (и вонземна) Toyota C-HR пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Хибридната (и вонземна) Toyota C-HR пристигна во Македонија!

Најновиот модел во гамата на Toyota – хибридниот субкомпактен кросовер кој ја носи ознаката C-HR пристигна во Македонија!

Хибридниот субкомпактен кросовер на Toyota се вика C-HR и пристигна во Македонија. Од она што можевме да го видиме, Toyota има вистински хит во своите раце – C-HR изгледа несекојдневно – дури вонземски, а ветува врвна технологија и исклучителна економичност.

Под кожата се крие истата конфигурација како и кај Prius – 1.8-литарски бензинец и електромотор за вкупна системска моќност од 122 коњски сили. Сепак, екстериерот е значително попривлечен за помладите купувачи, а двобојната конфигурација изгледа одлично. Всушност, како Toyota повторно да го има откриено својот дух со компактниот C-HR. Ни беше ветено дека наскоро ќе имаме можност подобро да го запознаеме C-HR, па тогаш ќе ги пренесеме сите импресии од новиот хибриден јапонски кросовер.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.