full screen background image
Search

Првиот SUV на SEAT – новата Ateca пристигна во Македонија!

Шпанскиот бренд на Volkswagen групацијата има големи амбиции, а тие се одлично олицетворени во новата Ateca која денес пристигна во Скопје!

Новата Ateca е шпанскиот одговор на растечкиот SUV сегмент. Достапна со турбо-бензински и турбодизел мотори, Ateca нуди привлечен дизајн, многу можности за конфигурирање и типична шпанска емотивност.

Базирана на MQB платформата на Volkswagen, Ateca може да се добие со неколку различни турбо-бензински и турбодизел мотори, а може да се комбинира и со погон на предните или на сите четири тркала. Секако, бидејќи се работи за автомобил од Volkswagen групацијата, ќе може да се добие и со DSG автоматски менувач со двојна спојка. Понудата на мотори започнува со 1-литарскиот TSI со 115 коњски сили, а врв на бензинската понуда е 1.4-литарскиот TSI со 150 коњски сили. Доколку сакате турбодизел, понудата започнува со 1.6 TDI кој нуди 115 коњски сили, додека скалило погоре се 2-литарските TDI мотори со 150, односно 190 коњски сили.

SEAT Ateca наскоро ќе биде и официјално промовирана, а ние се надеваме дека набргу ќе имаме можност подобро да ја запознаеме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.