full screen background image
Search

ОФИЦИЈАЛНО: Ова е новиот Citroën C3

Францускиот бренд ја претстави најновата генерација на супермини моделот C3, којa добива дизајн инсипиран од поголемиот брат C4 Cactus.

Иако до сега Citroën играше малку резервирано во овој сегмент, очигледно успехот на несекојдневниот изглед на C4 Cactus ги натера да го прошират тој дизајнерски јазик и на останатиот дел од програмата. Благодарение на тоа, новиот C3 изгледа поавантуристички, поинтересено и пооргинално.

Новиот C3 е веднаш препознатлив како модерен Citroën , со широка и тенка решетка која завршува со две дневни LED светлосни групи и главни светла позиционирани веднаш под нив. Секако, тука се и препознатливите Airbumps – полиуретански заштитни панели на долниот дел од вратите. Целиот дизајн на автомобилот е направен така да асоцира на компактен градски SUV, додека задните светлосни групи влечат инспирација од полуксузниот DS3.

afge

Citroën ќе го нуди новиот супермини со избор од 36 различни комбинации на бои, со девет нијанси на бојата на каросеријата и три бои за покривот, придружени од четири шеми на бои на ентериерот.

Сепак, за разлика од поголемиот C4 Cactus, кабината доаѓа со конвенционални мерачи, пониско позициониран екран на допир и повисоко позиционирани отвори за вентилација. Понудените опции опфаќаат 3D сателитска навигација со моментални информации за сообраќајот, камера за поглед наназад, SOS сервис со брза реакција, предупредување за слепа точка, асистенција за тргнување на нагорнини и предупредување за изнемоштеност на возачот.

Палетата на погонски единици ги содржи 1.2-литарскиот три-цилиндарски турбо бензински агрегат во верзии од 68, 82, и 110 кс, а тука се и BlueHDi дизелските мотори со 75 и 100 кс. Во зависност од одбраниот агрегат, купувачите ќе можат да го добијат автомобилот со мануелна или шест-степена автоматска трансмисија.

Поврзано:   Одличен старт на годината за Citroën


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.