Претставен новиот, поголем и поекономичен Toyota Prius! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен новиот, поголем и поекономичен Toyota Prius!

Јапонскиот производител сè уште ги нема објавено сите техничи детали околу новиот хипер-економичен хибрид, но можеме да очекуваме уште поголема економичност благодарение на новите технологии!

Уште на самиот старт дизајнот ќе го наречеме поларизирачки – можеби ќе ви се допадне, можеби не – но Prius никогаш не бил автомобил кој е привлечен во традиционалната смисла на зборот. Напротив, Prius го купуваат луѓе кои ја сакаат напредната технологија и врвната економичност.

Новиот Prius е базиран на новата New Global Architecture платформа која ќе биде основа за многу модели. Според Toyota, новата платформа овозможува пониско тежиште, нова суспензија, како и зголемени димензии – новиот Prius е поширок, подолг и понизок.

Иако Toyota сега за сега не ги објавува официјалните податоци, можеме да очекуваме потрошувачка од околу 4.5 литри на 100 изминати километри. Сепак, повеќе ќе дознаеме наскоро, а во меѓувреме – погледнете ги официјалните фотографии!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.