Официјално: новата Opel Astra Sports Tourer! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: новата Opel Astra Sports Tourer!

Германскиот производител ги објави првите официјални фотографии од караванската изведба на новата Astra, пред официјалната премиера во Франкфурт!

Новата Astra Sport Tourer ги има истите димензии како и минатиот модел – долга е 4702 милиметри, широка 1871 милиметар (со склопени странични ретровизори) и висока е 1499 милиметри, но затоа е цели 130 килограми полесна од соодветниот модел во заминување.

Сепак, има значително повеќе простор во ентериерот, а со преклопени задни седишта стојат на располагање вкупно 1630 литри багажен простор. Дизајнот е модерен и привлечен, со чисти површини и јасно дефинирани линии. Во понудата ќе се најдат неколку бензински и дизел мотори со капацитет од 1 до 1.6 литри. Врвот на понудата (сега за сега) ќе биде 1.6-литарскиот Ecotec бензинец со директно вбризгување кој нуди одлични 200 коњски сили и 300 Nm вртежен момент.

Би било интересно доколку Opel реши да направи OPC изведба на Astra Sports Tourer и да конкурира на етаблираните германски конкуренти, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.