Opel се подготвува за сериозен настап на саемот во Париз! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel се подготвува за сериозен настап на саемот во Париз!

Opel ќе има неколку премиери на саемот во Париз – ќе ја најави иднината на караваните со STC Concept, ќе го претстави тркачкиот болид GSE 27FE и за прв пат ќе ги прикаже „цивилните“ спортски Corsa GSE и Astra GSE Line!

Opel ќе им овозможи на посетителите на овогодинешниот Саем за автомобили во Париз да ѕирнат во иднината. Поточно, во иднината на технолошки напредните и визуелно впечатливи каравани. Најновиот концепт од Rüsselsheim, визионерскиот Opel Sports Tourer eXperimental Concept, или накратко Opel STX Concept, ќе ја има својата светска премиера во француската престолнина.

Понатаму, Opel од 12 до 18 октомври ќе ја претстави својата целосна гама на високо динамични GSE модели. Кај Opel, GSE е кратенка за „Grand Sport Electric“, а токму овој дух на динамично возачко задоволство и впечатлив дизајн, во комбинација со Deutscher Ingenieurskunst (германска инженерска експертиза), германскиот производител ќе го претстави пред меѓународната публика. Во центарот на вниманието ќе биде новиот Opel GSE 27FE. Болидот за Formula E GEN4 за претстојната сезона, со повеќе од 800 КС, го претставува врвот на GSE светот на Opel и за првпат ќе биде изложен во својата финална верзија за светскиот Formula E шампионат.

Своето премиерно изложбено претставување ќе го има и новата Opel Corsa GSE, спортски модел за секојдневно возење, кој веќе е достапен за нарачка. Со моќност од 207 kW (281 коњски сили), електричниот хот хеч забрзува од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди, побрзо од кој било друг актуелен сериски модел на Opel.

А за сите оние кои сакаат да го почувствуваат GSE духот, без оглед на тоа кој погон го претпочитаат, наскоро ќе имаат можност да го сторат тоа. Новото ниво на опрема GSE Line ќе биде воведено на пазарот, почнувајќи со Opel Astra GSE Line за која неодамна пишувавме.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Opel Astra GSE Line e новата најспортска Astra!

Гамата GSE дополнително ја заокружува Opel Mokka GSE, која го пренесува рели-духот од својот мотоспортски пандан, Mokka GSE Rally, на патиштата. Заедно со врвниот SUV со погон на сите четири тркала Grandland Electric AWD и достапниот семеен SUV Frontera Electric во верзијата со продолжен досег (Extended Range), тој ја илустрира широката понуда на нови SUV модели со препознатливиот Opel Blitz.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.