ПРЕМИЕРА: 281 коњска сила и 5.5 секунди до 100 – Opel ја претстави Corsa GSE! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: 281 коњска сила и 5.5 секунди до 100 – Opel ја претстави Corsa GSE!

Мал автомобил, врвни перформанси – новата електрична Opel Corsa GSE е вистински хот хеч!

Рецептот е лесен. Отсекогаш бил. Земете мал автомобил и дајте му многу, многу сила. И Opel совршено го следи тој старошколски рецепт, но го интерпретира на нов, електрифициран начин.

Од Opel гордо кажуваат дека Corsa GSE ги пренесува спортските гени од минатите генерации на Corsa и дека со новата генерација се враќаат во сегментот на вистински „хот хеч“ модели.

Opel веќе ни ја покажа Mokka GSE – всушност, минатата година ја возевме на тркачка патека близу Мадрид. Сега, истиот погон го добива и Corsa GSE – а тоа значни 281 коњска сила и 345 Nm вртежен момент достапни „од нула“. Резултат на сето тоа? 5.5 секунди до 100 километри на час, како и максимални 180 километри на час. А сето та се напојува од батерија со капацитет од 51 kWh.

Плус, Corsa GSE добива Torsen преден диференцијал со ограничено пролизгување, како и зајакнато подвозје, поцврсти стабилизатори и хидраулични амортизери. Рекалибирани се управувањето и педалите, а достапни се и големи и моќни сопирачки со Alcon шепи.

Истовремено, Corsa GSE гордо ги покажува нејзините перформанси. Corsa GSE добива уникатен преден браник со подлабоки естетски елементи. Околу целиот автомобил има црни декоративни елементи, а црниот кров и црниот спојлер го зајакнуваат ефектот.

Corsa GSE е поставена на уникатни 18-инчни тркала обвиени во Michelin Pilot Sport 4S пневматици.

Возачот и совозачот ќе седат на спортски седишта со детали од алкантара и интегрирани наслони за глава. Безбедносните појаси се во жолта боја, а спортскиот ефект го зајакнува и управувачот обложен во алкантара. Кабината добива и контрастни шевови во жолта боја, а панелот со инструменти добива специјална GSE графика. Плус, дигиталните инструменти покажуваат и податоци околу перформансите – мерач на Г-силите, информации околу забрзувањето, батериите и многу, многу повеќе.

Како што рековме, рецептот е лесен. Мал автомобил, многу сила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.