Некои моменти се случуваат само еднаш, но затоа некои приказни се раскажуваат вечно. На 9-ти Мај, илјадници Ducatisti ширум светот истовремено ќе ги стартуваат моторите и ќе бидат дел од стогодишнината на Ducati.
Во сабота, на 9-ти Мај, илјадници Ducatisti во повеќе од 65 земји ќе се обединат и ќе ги стартуваат моторите во исто време. Нив ги обединува страст која не познава граници, временски зони или растојанија – една заедница ќе се движи како една целина. И всушност, ова е духот на We Ride As One – глобална парада на вљубеници во Ducati кои ќе прославувуваат еден век Ducati страст.
Од Ducati најавуваат дека е ова е настан кој не треба и не смее да се пропушти. Ќе го сочинуваат средби, возења и забава, дизајнирани заеднички да се искуси страстта на Ducati.
И оваа сабота и Македонија ќе ја има таа чест да биде дел од We Ride as One, но и особено е важно што ќе учествуваме токму во јубилејната прослава на 100-годишнината на Ducati.
Кога? Оваа сабота, 9-ти Мај во 09:00 часот.
Каде? Салонот на Ducati во рамките на Мак Аутостар во Скопје.





