full screen background image
Search

Официјално: Премиум Ауто Зентрум е нов импортер на Jaguar и Land Rover во Македонија!

Во друштво на голем број соработници и пријатели вчеравечер свечено се отвори единствениот продажен салон на автомобилските модели Јагуар и Ленд Ровер. Премиум Ауто Зентрум е новиот импортер на британскиот Јагуар Ленд Ровер.

Со отворањето на новиот продажен салон Јагуар Ленд Ровер, се создава една ново поглавје на премиум возила на македонскиот пазар.  Долгата историја на глобално лидерство во квалитет, произвотство и креативен дизајн е тоа што го карактеризира овој бренд. Со новата понуда на автомобили се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањето на голем број купувачи кои сакаат да почуствуваат совршеност во движење со светски брендови – изјави Иван Петровиќ генерален менаџер на Премиум Ауто Зентрум

Новиот продажен салон  Јагуар Ленд Ровер претставува значајна инвестиција во два високо престижни брендови кои претставуваат спој на врвен квалитет и исклучителни перформанси.  На површина од 3000 метри2, салонот нуди изложбен дел на сите најнови модели, како и комплетен сопствен сервис опремен со најсовремена и најмодерна опрема. Специјален одел за дијагностика, фарбање, лимарска работилница, резервни делови се само дел од услугите што овој салон ги нуди за своите клиенти.

Вкупната вредност на овој модерен центар изнесува 4.5 милиони евра, и претставува еден од најголемите и најдобро опремени продажни салони во регионот.

На свеченото отворање беа промовирани брендовите Јагуар и Ленд Ровер со изведба на перформанс кој ја прикажа уникатноста на најновите модели.

Јагуар Ленд Ровер оваа година ја доби кралската награда за претпријатија во постојан одржлив  развој, со што се потврдува  и визијата на компанијата фокусирана кон обезбедување долгорочен раст,  одржлив бизнис преку постојано инвестирање во квалитет, иновативност и експертиза.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Land Rover Defender добива V8 со 525 коњски сили!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.