Новиот дизајн го одликува нагласено минималистичка естетика која се потпира на чисти хоризонтални линии и мал број копчиња и прекинувачи.
Централниот дел на кабината е обележан со впечатливата конзола со завршна обработка во боја на месинг која се протега низ целиот автомобил и ги дели сите четири патници.
Традиционалниот централен ретровизор е заменет со дигитална камера. Централниот екран на допир е со покомпактни димензии и преку него се управува со основните функции за климатизација и инфозабава.
Воланот со двокрак дизајн има стандардни команди со хаптичен допир а удобните седишта имаат дополнителен спортски профил.
Официјалната светска премиера на моделот Type 01 е закажана за почетокот на октомври во Њујорк.











